06/03/2019

Осмомартовска прослава на „Мобилност Битола“

„Мобилност Битола“ традиционално го одбележа Меѓународниот ден на жената – 8 март, а на прославата што се одржа на 6 февруари во ресторанот „Гламур“ присуствуваа околу триесетина членови на нашето здружение, како и гостите од „Мобилност Скопје“, кои дополнително го збогатија настанот. Во пријатна атмосфера дружењето беше дополнето и со настапите на Соте, Гоце и Соња. Организаторот, преку Лидија, Снежана и Фанче, обезбеди по еден скромен подарок (орхидеја за секоја дама), а дружењето продолжи до доцните часови. Ваквите настани се добредојдени и пожелни, а учесниците имаат потполна лична партиципација во дружењето. Се надеваме дека следната година повторно ќе ги има нашите пријатели од Прилеп, Демир Хисар и Ресен. До следните настани, довидување!