08/03/2019
На 8 март 2019 година, во хотелот „Милениум“ во Битола, во органзиација на МЦМС (спонзорирано од делегацијата на ЕУ во С. Македонија), се одржаа разговори со граѓанскиот сектор на кој се разгледаа проблемите што се јавуваат во севкупното живеење (работа, вработување, образование, култура, екологија, здравство...). Состанокот го водеше претставникот од МЦМС – Ристо Карајков. На разговорите присуствуваа претставници на двасетина организации од Битола, Прилеп, Крушево и од Ресен, а „Мобилност Битола“ беше претставена со претседателот и секетарот, кои активно учествуваа во настанот. После претставувањето на учесниците, водителот ги предложи трите основни теми, а тоа се: делокругот на работата на граѓанските организации, успеси во работата и проблеми со кои се соочуваат при активностите. Работата се одвиваше по групи, вмрежување по дејности и начини на дејствување по проблематика. За секоја тема секоја група имаше панел на кој ги запишуваше оснвните насоки на дејствување, успеси и проблеми со кои се соочуваат во активностите. „Мобилност Битола“ активно ги изложи своите размислувања во однос на активноста во работењето, успесите и проблемите со кои се соочува. Вреди да се спомене дека во текот на работата која опфаќа повеќе сегменти запишани во статутот и програмата, во успеси беа наведени: 1. Воспоставен дијалог со власта за подобрување на лицата со инвалидност; 2. Вовед на правата на лицата со инвалидност во секојдневието (право на мобилност); 3. Поголема застапеност во средствата за јавно информирање на здруженијата кои се борат за правата на лицата со инвалидност; 4. Учество во изготвување на алтернативниот извештај до ООН при остварување на правата на лицата со ивналидност содржани во Конвенцијата (ратификувана кај нас во 2011 година). Како проблеми беа наведени: 1. Безрезевна имплементација на правата содржани во Конвенцијата која е дел од правосудниот систем; 2. Власта да се инструира да ги воведе сите позитивни законски прописи и подзаконски акти; 3. Перманентна опсервација на граѓанското општество; 4. Користењето на сознанија од ослободено истражувачко новинарство во вистинска смисла на зборот.