10/03/2019

Холокаустот на битолските Евреи

Во Битола и годинава со повеќе настани се одбележа Холокаустот на битолските Евреи, сето тоа под покровителство на амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, НЕ Дан Оријан. „Мобилност Битола“ учествуваше на дел од овие настани. Имено, на 9 март беше одржана проекција на филмот „Трето полувреме“, на кој му претходеше мал концерт и изведба на лица со инвалидност во Центарот за култура - Битола. Пишувачот на овие редови учествуваше на овој дел од чествувањата. Другиот ден, на 10 март се одржа традиционален марш на живите во спомен на оние кои во Битола маршираа на 11 март 1943 година и не се вратија... Чествувањето започна од платото пред Домот на народно здравје „Д-р Хаим Абраванел“, со марш до железничката станица во Битола.