21/03/2019

3 години „Хумана Преспа“

На 21 март 2019 година, делегација на „Мобилност Битола“ присустуваше на третиот роденден на „Хумана Преспа“ и нашиот заеднички проект за општинско-корисна работа, поддржан од општина Ресен и од УНДП. Во присуство на повеќе приматели и даватели на услуги, како и на сопругата на ресенскиот градоначалник – г-ѓа Билјана Гошаревска – и одговорната за работа со граѓанскиот сектор – Ружица Паревска, се разговараше за соработката и на можни правци за реализација на нови проекти, со нагласок на прекугранична соработка. Сè на сè, убава манифестација со голема посетеност. Се надеваме дека нашата соработка и потпишаните меморандуми се солидна основа за понатаму. Активностите продолжуваат.