13/04/2019

„Мобилност Битола“ на обука за набљудувачи на избори

На 13 и 14 април 2019 година, во организација на „Инклузива“ се одржа дводневна обука за набљудувачи на изборите, овој пат во хотел „Хармонија“ во Куманово. „Мобилност Битола“ на овие обуки учествуваше со пет члена, и тоа: Митко Фидановски и Сотир Јоновски од Битола и Гордана и Александар Стојановски и Васил Јанкула од Ресен. Овие обуки, на кои присуствуваа голем број лица со различен вид на попреченост, ги подигаат капацитетите на нашите членови кои активно го следат изборниот процес и регистрираат неправилности и прописи во прв ред, како што е пристапноста до гласачкото место. Со изборот на членови кои ќе имаат овластување од Државната изборна комисија (ДИК) како официјални набљудувачи на изборите, се потврдува и статусот на „Мобилност Битола“ како сериозен чинител во активностите што следат.