14/04/2019
На 14 април 2019 година, во организација на „Мобилност Штип“ беше успешно спроведена работилница за артрози или остеоартритис. Предавач беше д-р Мирјана Рунчева, специјалист ортопед од Штип. Може да се каже дека д-р Рунчева се потруди предавањето да биде максимално адаптирано за присутниот аудиториум (околу седумдесет членови на „Мобилност Македонија“ и гости), со максимално разбирливи и прилагодени изрази. Аудиовизуелната презентација ја постигна својата цел, а потоа имаше дискусија и прашања од присутните. Во дискусиите, во повеќе наврати учествуваше и докторската тројка составена од прим. д-р Даница Фичорска и прим. д-р Ленче Николова – физијатри, како и прим. д-р Нико Јанков, специјалист по ортопедија. Сè на сè, овој настан беше уште еден одличен повод за дружење и збогатување на сознанијата на членовите на „Мобилност Македонија“.