15/04/2019

„Мобилност Битола“ на ЛЕСС во Битола

На 15 април 2019 година, во салата на општина Битола беше одржан состанок на Локалниот Економско - Социјален Совет – ЛЕСС, а како и секогаш, „Мобилност Битола“ е активен член, како претставник од здруженијата на лица со инвалидност. На конститутивниот состанок, после запознавањето и презентирањето на претходно сработеното, видлив е придонесот на „Мобилност Битола“ со своите претставници (Нико, Фанче, Сотир и Лидија), кои и овој пат оставија добар впечаток кај присутните. Во оваа пригода беше остварен и контакт за идни активности со градоначалничката м-р Наташа Петровска и со советничката за економски развој, м-р Виолета Налевска.