11/05/2019
На 11 мај 2019 година се одржа квалификациски натпревар во шах. На турнирот учествуваа седум лица, а покрај двата директно пласирани кандидати Васко Стефановски и Томе Ѓоргиевски, за место во екипата се избори и Томе Ивановски. Па така, екипата на „Мобилност Битола“ на претстојниот турнир во шах ќе учествува со три лица. Им посакуваме добар пласман и понатамошни успеси.