18/05/2019

„Мобилност Битола“ на работилница во Гевгелија

На 18 мај 2019 година, во организација на „Мобилност Гевгелија“ беше успешно одржана работилница на тема кинезитерапија во домашни услови при повреда на ’рбетен столб со трајни последици. „Мобилност Битола“ беше претставена со екипа од четири члена, кои активно учествуваа на настанот. Излагач на темата беше физиотерапевтот Иван Кајтазов, кој исцрпно ја посочи неопходноста од кинезитерапијата кај ваквите состојби. Работилницата се одржа во Негорски бањи и беше поддржана од „Мобилност Македонија“, а за време на настанот беше искористено присуството на градоначалникот на Гевгелија, г-н Сашко Поцков, за да се промовира кампањата за пристапност која ја води „Мобилност Македонија“ со здружените членки.

Previous Next