28/05/2019

Форум за приоритети на ЛЕСС

На 28 мај 2019 година, „Мобилност Битола“ учествуваше на форумот за утврдување на приоритетите на ЛЕСС (Локален економско-социјален совет) на општина Битола. Истиот се одржа во хотел „Милениум“ во Битола, во организација на МКЦ и општина Битола, со поддршка од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска. Како активен член на ЛЕСС, „Мобилност Битола“ даде голем придонес, особено бидејќи основната цел беше унапредување на социјалниот дијалог меѓу партнерите (општината, бизнис-секторот, граѓанските здруженија, комората итн.). Имено, основната цел е да се подобрат и создадат вештини кај вработените и невработените кои се бараат на пазарот на трудот, особено кај ранливите категории, меѓу кои се и лицата со инвалидност.

На настанот присуствуваше и ги поздрави присутните градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, како и директорот на МКЦ, Сашо Додовски, а модераторка беше Елизабета Марковска-Спасеновска. Во богатата дискусија и работа во групи, нашиот тим составен од прим. д-р Нико Јанков, Лидија Велјановска и Сотир Јоновски, успешно и активно учествуваше во работата на форумот. Неколку аспекти може да се споменат како препораки:

- Механизам за финансиска поддршка при школување;

- Стимулативни мерки за вработени;

- Подобрување на стручни училишта;

- Следење на потреби за квалификација;

- Сертифицирање на знаење;

- Доквалификација и преквалификација – доживотно учење;

Во однос на работата, препораките се: претприемништво – вештини, кариерно советување, квота за поддршка, менторство и иновативен бизнис. „Мобилност Битола“ ќе продолжи конструктивно да учествува и придонесува во интерес на лицата со телесна инвалидност и нивните стремежи во животот. Во овој момент особено беше нагласена потребата за зголемена пристапност и работа на оваа проблематика за лицата со телесна инвалидност.