30/05/2019

Дефиле и манифестација за Денот на МС

На 30 мај 2019 година, екипа на „Мобилност Битола“ составена од Лидија, Наташа, Снежана и Сотир, активно учествуваше на манифестацијата по повод Денот на мултиплата склероза во организација на „Мобилност Скопје“ – огранок на МС, со поддршка од „Мобилност Македонија“. Манифестацијата започна со собирање во центарот на Скопје, а продолжи со дефиле до „Порта Македонија“, каде што беше организирано предавање од проф. д-р Иван Барбов, специјалист по неврологија, и мотивацискиот говорник д-р Жарко Костиќ. Потоа следеше и плодотворно дискусија, па манифестацијата заврши со пригоден коктел.