30/05/2019
На 30 мај 2019 година, „Мобилност Битола“ активно учествуваше на презентација на УНДП во општина Битола. Целта на презентацијата е запознавање на граѓанскиот сектор, пред сè, ранливите категории за можностите за користење на грантови на УДНП за општинско-корисна работа (ОКР), со акцент за мотивирање на членовите на инвалидските организации од корисници, во доменот на можностите, да се обучат за работа и давање услуги. Настанот го водеа Снежана Мицевска-Дамјановска и Науме Ташовски, а координатор беше менаџерката на проектот, Ромела Поповиќ. Прво се анализираа позитивните ефекти од ОКР и тука беше спомната „Мобилност Битола“ со 4-годишно искуство во Ресен, а особено со работилницата во Ресен што се одржа минатата година. Во дискусијата беа предочени досегашните скромни успеси во процесот од корисник до давател на услуга и неопходноста од медијаторство на општината како фактор во процесот. Сè на сè, едно корисно сознание за понатамошната работа.