05/05/2019

Пристапност на гласачките места

На претседателските избори што се одржаа на 21 април и 5 мај, пет членови на „Мобилност Битола“ во Битола и Ресен беа овластени набљудувачи на „Инклузива“. Со претходна обука, ДИК издаде уверенија и беџови за нашите членови кои набљудуваа одреден број гласачки места. Набљудувањето опфаќаше повеќе елементи, како што е елементарна пристапност за тешко подвижни лица со овозможени помошни елементи (рампа, ракофати, обележани патокази и прилагодено гласачко место). Општиот впечаток е дека голем број (процент) на лицата со инвалидност воопшто не излегле на гласање, одреден мал број гласале дома и тоа е законски регулирано и спроведено. На укажување, помошните средства биле поставени некаде, а некаде тоа не било направено. Со други зборови, само мал процент го искористиле своето граѓанско право, така што ќе треба да ги истражиме причините за непристапување кон законската обврска. На мислење сме дека ако се овозможени сите предуслови, тогаш не може да се каже дека нашите членови не дошле заради нерешена пристапност, туку заради други лични причини. Во секој случај, ќе го почекаме конечниот извештај на „Инклузива“, на која ѝ испраќаме благодарност за преземените дејства со кои се надеваме дека состојбите во иднина ќе бидат подобрени.

Previous Next