06/06/2019

„Мобилност Битола“ на Спортските игри 2019

Од 6 до 9 јуни во Струга се одржаа традиционалните Спортски игри на „Мобилност Македонија“, на кои учествуваа и екипи од Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска и од Босна и Херцеговина. „Мобилност Битола“ се натпреваруваше со старо-новата екипа составена од Васко, Оливера, Наташа, Лидија, Дарко, Горан, Мендо и новиот член Томи, додека оправдано отсутна беше Снежана. Нашата екипа учествуваше во сите дисциплини, а најуспешните се закитија и со медали, односно Васко освои златен медал во стрелаштво – пушка, Оливера со златен медал во стрелаштво – пиштол и Наташа со бронзен медал во пинг-понг. Сите останати членови остварија пласман и учество на следните игри. Овој успех е особено значаен имајќи ги предвид временските услови за време на тренинзите во атлетика, додека тренинзите во пинг-понг и стрелаштво се одржуваа во салата. Втор значаен момент е тоа што двата наши учесника, Васко и Томи, зедоа учество и во меѓународна конкуренција во пинг-понг. Им честитаме на спортистите за постигнатото и се надеваме на нови успеси. Покрај маиците со логото на „Мобилност Македонија“ и „Мобилност Битола“; нашите спортисти носеа и маици од нашиот традиционален пријател „Мал битолски монмартр“. Активностите продолжуваат.

link to: FACEBOOK GALLERY