29/06/2019

Генерална проба за музичките средби во Струмица

На 29 јуни 2019 година, во спортската сала на „Мобилност Битола“ традиционално се одржа генералната проба на нашите учесници за музичките средби во Струмица. Имено, веќе неколку години нашата манифестација е во рамките на програмата на струмичкото културно лето „Струмица опен“, а оваа година ќе настапат повеќе од 15 кандидати, заедно со засилениот состав на КУД „Феникс“ (Соте, Стефче, Влатко, Миле, Николчо и Дафо), кој ќе ги придружува вокалните интерпретатори на „Мобилност“ (Скопје, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип). На генералната проба во Битола се координираа изведбите на изведувачите и оркестарот за да бидат подготвени и да се покажат во најдобро светло на настапот во Струмица. Сите активности будно ги следеа претседателот и генералниот секретар на „Мобилност Македонија“ – Бранимир Јовановски и Софче Прчева.