21/09/2019

Соработка со „Finance Think“

На 21 септември 2019 година беше остварена средба со претставник на институтот „Finance Think“ (Финансиско размислување) од Скопје, Кирил Кочовски, кој работи на проект на МТСП за имплементација со развојот на социјалните услуги, вклучително и за лицата со инвалидност. После разговорот, особено за истражување на економскиот пазар во РСМ со проценка за социјалните услуги чиј краен корисник е МТСП, беше направено интервју со претседателот на „Мобилност Битола“, прим. д-р Нико Јанков, кое ќе се користи во проектот со нашите видувања на проблемите и начини на решавање согласно постоечката законска регулатива (дополнувања, надградба и измени). Се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму.