25/09/2019

Трибина за законот за практиканство

Во организација на МКЦ Битола и општина Битола со ЛЕСС, на 25 септември 2019 година беше организирана и успешно изведена трибина за законот за практиканство. Минува и четвртиот месец од неговото донесување и под модераторство на Златко Талевски, со богата и плодотворна дискусија од сите страни (бизнис сектор, Агенцијата за вработување, МКЦ, општината, невладини организации, средношколци, факултети) беа дадени основните мерки на практикување на законот. На настанот активно учествуваа и претставници на „Мобилност Битола“ (Нико, Лидија, Сотир). Вреди да се спомене практиканството до 6 месеци, од возраст од 15-34 години, на располагање се од 80-100.000 денари, надоместокот е од 42-74% (од 12.508 денари). Нема заштитен механизам во односот (пратикант, работодавец, права и обврски). Во моментов преку Агенцијата за вработување се вработиле помалку од илјада лица. Основно е да се сфати дека практиканството е цел за стекнување на вештини за идно вработување, а не автоматско вработување. Активностите продолжуваат.