27/09/2019

„Мобилност Битола“ на Преспанскиот јаболкобер 2019

„Мобилност Битола“, во соработка со „Хумана Преспа“, и годинава учествуваше на традиционалниот Преспански јаболкобер што се одржа на 27 септември 2019. Патронот на настанот, општина Ресен го одбележува почетокот на бербата на јаболка со низа манифестации во рамките на неколкудневна прослава. Активностите започнаа претходниот ден во вечерните часови и подоцна преминаа во веселба со вокално-инструментални интерпретации од гостите. Прославата започна со настап на групи од основните и средните училишта и на повеќе организации со нивните производи, како и невладини здруженија со домашни специјалитети и ракотворби. Членови на нашето здружение веќе неколку години активно учествуваат на оваа манифестација, прикажувајќи ги своите дела и вештини, а ние очекуваме овој тренд да продолжи и понатаму.