27/09/2019

Подобрување на социјалните услуги

Делегација на „Мобилност Битола“, како активен субјект на ЛЕСС, учествуваше во повикот на општина Битола и МТСП во проектот финансиран од Светската банка. Станува збор за партнерство на општината чија цел е подобрување на социјалните услуги. Со други зборови, овој проект влегува и во краткорочните, среднорочните и долгорочните развојни планови на ЛЕСС. Настанот се одржа на 27 септември 2019 во салата на општина Битола, а од нашето здружение учествуваа Фанче Георгиевска и Сотир Јоновски. Имаше богата дискусија од повеќе субјекти, а од наша страна беше нагласено дека основниот предуслов – пристапноста – сè уште не е решена во општината, а камо ли во другите институции. Исто така, нагласено беше и дека неопходно е не само да се добие грант, туку и добро и осмислено да се искористат средствата за трајно подобрување на социјалните услуги, вклучително и на лицата со телесна инвалидност. Претставниците на „Мобилност Битола“ секогаш ќе бидат максимално конструктивни во сите активности и напори за подобрување на социјалните услуги.