13/09/2019
На 11 септември 2019 година во 17.00 часот, според календарот на „Мобилност Македонија“, започна квалификацискиот натпревар за квизот. Се пријавија осум кандидати кои во зададеното време покажаа забележителни резултати. Најдобар беше Митко Фидановски со 56 поени, Стојан Каровски освои 53 поени, а Васко Стефановски 50 поени. Веднаш по нив се резервите Сотир Јоновски со 46 поени и Трендафил Јовановски со 40 поени. Натпреварувачкиот дух не ги напушта нашите членови и се надеваме на добар пласман на претстојниот квиз што ќе се одржи во Бања Банско – Струмица (хотел „Цар Самоил“) во средината на ноември.