13/09/2019

Работен состанок со директорот на ЈП Паркиралишта – Битола

Согласно претходно договореното, претседателот и секретарот на „Мобилност Битола“ на 13 септември 2019 година одржаа работен состанок со директорот на Јавното претпријатие за паркиралишта Зоран Дојчиновски. Од претходниот состанок беше договорено претпријатието да изготви картички и лепенки за нашите членови со што значително ќе им се олесни комуникацијата при користење на јавните паркинзи. Тоа е веќе направено, а нашиот дел е во најкус можен рок да изготвиме список со документација со кој трајно ќе се реши овој горлив проблем. Исто така, договорено е да имаме увид во правилникот кој наскоро ќе стапи на сила, за можни корекции од наша страна. Договорено е и членови од други здруженија кои имаат лепенки и книшки од „Мобилност Македонија“, да можат да се паркираат без надомест. Овој чекор е добредојден кога наши членови од другите градови доаѓаат кај нас или по друга работа. Исто така, договорено е и водење грижа при спроведување на постапките за паркирање (обележаните места стриктно да се користат за наши членови). Ја поздравуваме добрата волја и подготвеност за соработка на ЈП Паркиралишта и се надеваме дека проблемите во тек ќе се решаваат на најбрз и најдобар можен начин.

Previous Next