05/10/2019

Традиционален излет на „Мобилност Битола“

На 5 октомври 2019, во манастирот Св. Наум во с. Болно кај Ресен беше успешно организиран традиционалниот излет на „Мобилност Битола“. Повеќе од 50 членови на нашето здружение уживаа во убавото време и пријатната армосфера на манастирскиот комплекс, слушајќи музика во живо и од музички столб со Соте. Организиран беше и натпревар во пикадо во машка и женска конкуренција. Најуспешни во женската конкуренција беа Елизабета, Гордана и Лидија, а од машката Садик, Живко и Сотир, за што добија симболични награди од 500, 300 и 200 денари. Останатите членови играа со карти, а денот беше заокружен и со вкусниот ручек што го подготвија нашите домаќинки во манастирот, на кои најсрдечно им се заблагодаруваме. Како и претходните години, набавката на потребните производи е од реномираниот маркет „Св. Тома“, а превозот го обезбеди „Боби турс“. Овој настан е уште еден во низата активности што го збогатуваат животот на нашите членови, а „Мобилност Битола“ ќе продолжи да го следи овој тренд.