28/10/2019

Разгледување на извештајот од набљудувањето на изборите

На 28 октомври 2019 година, во организација на „Инклузива“ и ДИК, во Скопје беше организирано разгледување на извештајот од набљудувањето на претседателските избори што се одржаа во мај годинава, а се дискутираше и за насоки и препораки за понатаму. „Мобилност Битола“ има четири акредитирани набљудувачи, а на овој настан присуствуваше нашиот член Сотир Јоновски, кој активно учествуваше во дискусиите и завршните забелешки за извештајот и насоките за идно делување. „Мобилност Битола“ ќе продолжи да учествува во сите активности каде има засегнатост на лицата со телесна инвалидност. Активностите продолжуваат.

Previous Next