02/12/2019
На 2 декември 2019 година, во организација на ССРИ Битола беше организиран турнир во шах, по повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност. На турнирот учествуваа екипи на повеќе инвалидски организации, меѓу кои и „Мобилност Битола“. Во добра и фер борба, најуспешни беа натпреварувачите на Сојузот на слепите. Ваквите чествувања се особено добри за одржување на здравиот натпреварувачки дух на лицата со инвалидност и нивното активно вклучување во тековите.