11/12/2019

Јавна расправа за синдикално здружување во приватниот сектор

На 11 декември 2019 година, во просториите на хотелот „Милениум“ во Битола беше организирана и успешно изведена јавна расправа за синдикалното здружување во приватниот сектор – предизвици и перспективи. Организатори на настанот беа МКЦ – Битола, општина Битола и Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, преку ЛЕСС (Локалниот економско-социјален совет). Како активен член на советот, „Мобилност Битола“ редовно учествува на ваквите случувања. Во дискусијата учествуваа излагачите на темата, претставници на Синдикатот и организацијата на работодавци, а претставниците на „Мобилност Битола“ го споделија богатото искуство во бранење на правата на лицата со телесна инвалидност во лавиринтот на вработување, работни односи, права и избегнување на обврски на сите чинители во континуитет. Примерот со трибината од 2015 година не ги остави рамнодушни присутните, но сите се согласија дека состојбите не се мрднати од „мртва точка“, и покрај развојните добри законски решенија кои де факто не се почитуваат. Активностите продолжуваат.