4/10/2020

„Мобилност Битола“ на Државното првенство во стрелаштво

На 4 октомври 2020, во организација на „Мобилност Македонија“ и Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди, во Битола се одржа Државното првенство во стрелање со пиштол и пушка. На првенството учествуваа 11 натпреварувачи со телесна инвалидност, меѓу кои 5 од Битола.

Имајќи ги предвид специфичните услови и долготрајната апстиненција заради актуелната пандемија, натпреварувачите постигнаа мошне солидни резултати, па така Оливера Наковска Бикова триумфираше во стрелање со воздушен пиштол (563 кругови), во истата категорија на 4. место се најде Митко Фидановски со 504 кругови, додека Васко Стефановски, Николче Станоевски и Мендо Дивјаковски ги освоија второто, четвртото и петтото место во стрелање со воздушна пушка. Судии на натпреварот беа Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски.

Со ова првенство, на кое беа испочитувани сите протоколи за заштита за време на пандемија, се успева да се задржи континуитетот на активности.