6/10/2020

„Мобилност Битола“ на одбележување на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

На 6 октомври 2020 се одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа, а настанот во организација на „Мобилност Македонија“ се одржа во салата на Хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. „Мобилност Битола“ активно учествуваше со три претставника.

Покрај претседателот на „Мобилност Македонија“ - Бранимир Јовановски, на настанот говореа и поканетите гости: Енвер Хусејин, заменик министер за труд и социјална политика, Милан Живковиќ, советник на премиерот за труд и социјална политика, Даниела Стојановска Џинговска, советник на директорот на ФЗОМ за ортопедски помагала, Горан Чаловски, директор на Центарот за ортотика и протетика „Славеј“, и претставникот на лицата со церебрална парализа, Горан Стојчески, а меѓу присутните беше и потпретседателот на комисијата за ортопедски помагала при ФЗОМ, Фатон Мемети.

На манифестацијата беше испратена пораката за потребите и правата на лицата со телесна инвалидност, посебно на оние со церебрална парализа, а сето тоа беше проследено од бројни медуми, кои се едни од најважните сојузници во борбата за подигање на нивото на јавната свест. Активностите продолжуваат.