24/01/2020

Информативна работилница на „Инклузива“

На 24 јануари 2020 во хотел „Милениум“ во Битола беше организирана и успешно изведена информативна работилница на „Инклузива“, поддржана од USAID. Темата беше „Учество на лицата со попреченост (читај инвалидност) во изборниот и политички процес“. „Мобилност Битола“ редовно учествува на вакво настани и има пет сертифицирани набљудувачи (3 од Битола и 2 од Ресен), а на оваа работилница учествуваа три членови, од кои еден личен асистент (Стојанка, Боро и Зоран). На настанот се повторија и утврдија познатите права (изборни и политички) на лицата со инвалидност, исто така посебно беше нагласена важноста на изборите. Во третата сесија се обработија гласањето и алатките за поддршка, а на крајот симулација на процесот на гласање. Имаше и богата дискусија во која учествуваа и нашите членови. Сè на сè, едно корисно и добредојдено искуство кое ќе се сподели. Активностите продолжуваат.