21/02/2020

Работилница на „Мобилност Македонија“ и „Славеј“

На 21 февруари 2020, во просториите на АД „Славеј“ беше организирана и успешно изведена работилница во чии рамки беа промовирани новите услови за набавка на потколени, натколени и други видови протези неопходни за лицата со ампутации. Ова особено важи за ампутациите на долните екстремитети бидејќи новата генерација на протези вклучува софистицирани коленски зглобови и стапала, како и други новитети. Делегација на лица со ампутации активно учествуваше на манифестацијата и во текот на Собранието ги информираше делегатите на Собранието на „Мобилност Битола“. Информацијата беше примена со задоволство и се очекува реализација на новопоставените состојби. Да се надеваме дека сагата со ортопедските помагала ќе се оттргне од статичноста и мртвата точка. Активностите продолжуваат.