21-23/02/2020

Управен одбор и Собрание на „Мобилност Битола“

После сумирањето на резултатите од минатата година, на 21 февруари 2020 година се одржа УО на „Мобилност Битола“. Сумирањето се финализираше со измените и дополненијата на Статутот на „Мобилност Македонија“. Сите предлози се нотирани и предлогот на УО отиде во Собранието кое се одржа два дена подоцна, на 23 февруари 2020. После добра и продуктивна дискусија, се усвоија предложените измени и дополненија кои ќе се финализираат во Централниот регистар. Вообичаените активности и други настани се претставени во календарот на настани кој од година во година се зголемува во квантитет и во квалитет. Многу настани своето финале ќе го имаат во првата половина на оваа година. Севкупно, со еден збор, се размрдаа некои членови и се надеваме дека позитивната енергија и својот придонес ќе го насочат кон општата корист на членовите. Програмата и плановите во реализација се оптимални и секогаш има простор за маневрирање.