30/06/2020

Пристапност со "Алтер трип"

Вечната тема за лицата со телесна инвалидност. Во Европската стратегија за попреченост 2010-2020, пристапноста учествува во три од осумте приоритетни области за ЕУ. Овие три области имаат за цел стоките и услугите да бидат достапни за лицата со инвалидност и овозможување за уживање на сите придобивки од државјанството во ЕУ. Со борба против дискриминација и промовирање на еднакви можности. Пристапноста, покрај димензијата на физичкиот пристап, опфаќа и димензија на функционалност, комуникација и таа е директно поврзана со автономија и безбедност. Акциите од страна на централната и локалната власт обично не се дел од стратешкиот план за подобрување на пристапноста во сите сфери на живеењето. На прагот на можноста за добивање на меѓународен грант, „Мобилност Битола“ по кој знае кој пат ги пласира целите за пристапност, подобро опишани во Конвенцијата за правата на лицата сп инвалидност на ОН, ратификувана во нашата држава заедно со опциониот протокол уште во 2011 година. Во изминатите десетина години успесите можат да се избројат на прсти, а многу остана неостварено.

Проектот „Алтер трип“ (Алтернативно патување) е прекугранична соработка на Р. Грција и Р.С. Македонија, чија главна цел е мотивира трансформација на територија во достапна и инклузивна дестинација со поддршка за одржлив развој на пристап кон природното и културното наследство. Како придонес за развој на прекуграничното партнерство за остварување на целите: • Размена и увоз на знаење и добри практики со подобрување на пристапноста до структурите на културното и природното наследство; • Подобрување на достапноста и посетливоста на избраните средства за културно и природно наследство во прекуграничната област; • Подобрување на капацитетите на надлежните органи за управување со културното и природното наследство и на стручни лица за подобро решавање на пристапоста (активно градење на капацитети); • Развивање платформа на која сите лица со инвалидност или постари лица со отежнато движење ќе можат да дизајнираат/осмислат патување во прекуграничната област; • Собирање на податоци поврзани со пристапност и пријателска настроеност за лицата со инвалидност на клучните културни и природни средства во прекуграничната област (теренски студии); • Подобрување на видливоста на културното и природното наследство кои се достапни и пријателски за ситее, преку електронски и физички медиуми, кампањи и сл.; • Спроведување на заедничка студија за стратешко планирање кон брендирање на прекуграничната област како меѓународна дестинација за лица со инвалидност со висок квалитет и ниска или средна цена.

Посакувани резултати • Обука на сите засегнати страни за прашања како што се нудење услуги на лица со инвалидност; • Пилот-студии за развој на „пристапност“ на избрани атракции со наследство на двете страни, вклучувајќи и лесни структурни интервенции (поставување рампи, печатени водичи и сл.); • Развивање на посебен веб-портал за комуникација и мрежно поврзување како платформа со алатки каде сите потенцијални лица со инвалидност и повозразни со отежната движење ќе можат да го дизајнираат/осмислат своето патување во прекуграничната област; • Најмалку три најдобри практики за пристапност ќе бидат имплементирани во прекуграничната област; • Учество во меѓународна цена за пристапност; • Водич за пристапност кој обезбедува корисни упатства во однос на пристапноста до инфраструктурата и нивните услуги; • Водич за активности што се релевантни за информации, публицитет и промовирање на пристапноста; • Создавање на мрежа на сите засегнати страни кои комуницираат и континуирано даваат повратни информации за дигиталната платформа.

Очекувани резултати • Подобрување на атрактивноста и посетеноста на прекуграничната област со фокусирање на компаративни предности на руралните области кои привлекуваат лица со инвалидност и лица со намалена мобилност и нивните семејства. Паралелно решавање на партнерства и компетентниот јаз со нудење на обуки во областа на пристапниот туризам; иновации и одржлив развој на областите, поддршка на претприемништво и вештини заедно со јавниот сектор; • Создавање тематски пристапни маршрути за лица со намалена мобилност; • Промовирање и зајакнување на културното и природното наследство; • Поттикнување на разни сектори на економијата; • Да се користат ИКТ технологии во промовирање директно на лицата со инвалидност и намалена мобилност;

Партнери во проектот „Алтер трип“, за кој веќе е испратена апликација во рамките на Програмата за прекугранична соработка на Р. Грција и Р.С. Македонија 2010-2020, се: 1. Институт за истражување и развој на бизниз и изложби (ИЕЕ), Р. Грција; основачи Меѓународен саем Солун, Солунски трговски комори и тн. 2. Министерство за внатрешни работи, Р. Грција – структура на централна администрација со главна улога основа на применливи барања за јавни туристички места, обезбедување на пристапност за лицата со ивналидност и намалена подвижност и практично управува со проектот. 3. Мобилност Битола, Р.С. Македонија – здружение на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен, основано во 1987 година. Еден од главните приоритети е пристапноста.

Дали проектот ќе биде одобрен и реализиран, ќе дознаеме за неколку месеци.