11/09/2020

Донација на Црвен крст - Битола

Деновиве привршува акцијата на „Мобилност Битола“ за распределба на донацијата од УСАИД и УНИЦЕФ, спроведена од Црвен крст – Битола. Имено, од одговорните од Црвениот крст во Битола добивме информација за донирање на хигиенски средства за членовие на инвалидските организации (пожелно со пониски примања). Нашата активистка и членка на УО на „Мобилност Битола“, Лидија Велјановска, прифати да ја координира и финализира оваа акција. Од Црвениот крст добивме пропозиции дека донацијата се дели само на граѓани на Битола. Во секој случај, изразуваме брагодарност на нашата членка која се погрижи да ја координира и да ја спроведе до крај оваа акција.