27/09/2020
Овогодинешниот квиз-натпревар, со сите протоколи во услови на пандемија, се одржа на 26 и 27 септември 2020 во Скопје. „Мобилност Битола“ учествуваше со два претставника – Никола Станојовски и Сотир Јоновски – кои конечно се одлепија од ниските позиции и стигнаа до четврт, односно до полуфинале. Ова беше драгоцено искуство за понатаму, а на нашите натпреварувачи им честитаме за постигнатото и им посакуваме што поголем успех и повисок пласман во иднина.