27/09/2020

Втора градска трка „Трчај бе“ во Битола

На 27 септември 2020, во Битола се одржа второто издание на градската трка „Трчај бе“, која продолжува да привлекува сè поголемо внимание на нови учесници и поддржувачи. Годинава низ битолските улици трчаа повеќе од 800 учесници, стари и млади, мажи и жени, деца и младинци. Членови на „Мобилност Битола“ се дел од оваа манифестација уште од самиот почеток, и нè радува фактот што интересот за учество расте од година во година, па се надеваме дека во наредните изданија нашето здружение ќе учествува со цела екипа. На „Трчај бе“ им посакуваме уште многу успешни трки во иднина и долговечност во својата мисија.