09/2020

Проектен форум во општина Битола

Во последниве неколку месеци, со одложувања заради актуелната состојба со пандемијата, проектниот форум одржа четири сесии и завршница со гласање. Поддржувачи на овие форумски сесии се општина Битола, Швајцарската агенција за развој и соработка и Совети за зајакнување на општините, а целта е зајакнување на општината. „Мобилност Битола“ повеќе години е активен член и дава придонес во работата на форумот.

Овој пат се расправаше за неколку проекти, а финансиските средства за реализација беа обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Во текот на работата и оценувањето на најприфатлив проект имаше критериуми со кои практично се покриени сите сфери од потребите на лицата со попреченост (читај инвалидност). Од пријавените седум проекти, до самиот крај на петтата форумска сесија беа одбрани две: Урбана мобилност – возила за лица со попреченост и Инклузивни училници и игралишта во училишта и во градинки. Нашите членки Фанче и Лидија беа повеќе од активни со нивните дискусии, коментари и предлози. Инаку, другите проекти беа: Мултифункционален урбан центар, Физичка пристапност во објекти, Монтесори училница и сала за корективни и превентивни вежби, Вклученост во културни текови на лица со попречености и Прифатилиште на деца во ризик и деца жртви.

Ваквиот начин на работа и комуникација, се надеваме, ќе даде поволна клима при решавањето на оваа проблематика, а посредната и непосредна помош од европските институции е добредојдена во градењето на поволните перцепции како од нашите институции на локално и на држвно ниво, така и од заедницата воопшто. Активностите следат.