05/10/2021

„Мобилност Битола“ на пинг-понг првенство на ССРИМ

На 2 октомври 2021 година во Кавадарци се одржа Државното првенство во пинг-понг, во организација на ССРИМ, а „Мобилност Битола“ учествуваше со два натпреварувачи – Томи Јаневски и Оливера Наковска-Бикова – кои постигнаа одличен успех освојувајќи ги второто и третото место. Како и сите настани што се одржуваат од почетокот на пандемијата, и овде учесниците се придржуваа до мерките за заштита од Ковид-19. Со овие манифестации, и покрај рестриктивните услови, сепак се одржува континуитетот и активноста на нашите членови. На Томи и Оливера им го честитаме успехот и им посакуваме уште повеќе и поголеми успеси во иднина. Активностите продолжуваат.