10/10/2021
На 10 октомври 2021 година во салата „Јасмин“ во Кавадарци се одржа натрпевар во пинг-пинг, во рамките 33. издание на Републичките спортски игри, во организација на „Мобилност Македонија“ и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Од „Мобилност Битола“ учествуваа нашите членови Оливера Наковска-Бикова и Томи Јаневски, кои постигнаа забележителен успех. Имено, Оливера го освои второто место во Жени класи 6-9, а Томи се најде на 3. место во Мажи класи 6-8. Им честитаме за постигнатиот успех, а на следното издание се надеваме дека ќе се натпреваруваат уште поголем број наши членови. И овој настан беше спроведен согласно важечките протоколи за заштита од Ковид-19 и сите учесници се придржуваа до мерките на здравствените власти.