7/11/2021

Меѓународен турнир во Србија

На 6 и 7 ноември 2021 година во Ниш, соседна Србија, се одржа петтиот меѓународен турнир на пријателство „НАИСУС ОПЕН“, каде што дел од македонската пингпонгарска екипа беше и нашиот член Томи Јаневски, кој се натпреваруваше во класа 7. Под покровителство на ССРИМ, на турнирот се натпреваруваа и Небојша Ташиќ, Рубинчо Ристески и Зоран Трајановски. Учеството на нашите членови на вакви меѓународни натпревари е за поздрав, па се надеваме дека во следните години бројот на учесници ќе биде уште поголем, а пласманот повисок. На турнирот учествуваа шеесетина натпреварувачи од пет земји од регионот, а освен домаќинот Србија и Македонија, се натпреваруваа и екипи од Црна Гора, Бугарија и од Романија.