16-26/02/2021

Управен одбор и Собрание на „Мобилност Македонија“

Претставници на „Мобилност Битола“ активно учествуваа на седниците на Управниот одбор и Собранието на „Мобилност Македонија“, кои се одржаа на 16 и на 27 февруари 2021 година. Согласно протоколите за Ковид-19, седниците се одржаа во големата сала на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. На истите се заокружи периодот од 2020 година, кој скоро целиот беше во услови на пандемија. Сепак, имаше доволно активности во кои голем придонес дадоа претставниците на „Мобилност Битола“.