27/02/2021

Управен одбор и Собрание на „Мобилност Битола“

Членовите на УО и на Собранието на „Мобилност Битола“, со висок процент на присуство ги одржаа седниците на Управниот одбор и на Собранието на 23 и на 28 февруари 2021 година. Во услови на пандемија, по сите протоколи (мерење температура, носење заштитни маски и одржување растојание), настаните се одржаа во спортската сала на ЗИО. На седниците беше констатирано дека и покрај условите на пандемија, имаше повеќе реализирани настани и активности кои ја одбележаа 2020 година. Беа разгледани и усвоени извештајот за работа и финансиското работење, како и програмата и финанскиот план за следниот период. Нашите надежи се оптимистички дека и покрај сите потешкотии, ќе успееме да реализираме значаен дел од предвидените активности. Одиме понатаму.