08/03/2021
После подолг период на неизвесност и одложување заради условите на пандемија, проектот во партнерство со реномирани и искусни играчи на меѓународен план од Република Грција, на 8 април 2021 година одобрен е меѓународен грант од ИПА програмата. „Алтер трип“ – или алтернативно патување – е проект за прекугранична соработка за олеснување и овозможување на лицата со инвалидност и тешкотии при движењето да имаат поголем пристап до природните и културните богатства од двете страни на границата. Границата да не биде пречка за движење и достапност, а сите позитивни практики и искуства да се применат во што поголем процент и да бидат основа за постојан развој поддржан од локалната и државната власт.
Се надеваме дека со сите наши сили ќе успееме да поттикнеме развој и надминување и исчезнување на бариерите. Ве повикуваме сите да ни се придружите во овој голем хуман гест, каде ќе се отворат видици за лицата со инвалидност и невидени можности за просперитет и подобар и похуман исполнет живот. Одиме понатаму.