14/05/2021

Зум-состанок за проектот „Алтер трип“

На 14 мај 2021 година, со почеток во 09.30 часот, се одржа Зум-состанок на партнерите во проектот „Алтер трип“. Иницијатор беше г-ѓа Вики Далкрани, директорка на Институтот за истражување и развој на дејности и изложби (ИЕЕ), а состанокот практично го водеше г-дин Жупан Мартиновски, проектен службеник од Здружениот секретаријат на ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – С. Македонија. „Мобилност Битола“, како партнер од С. Македонија, ја претставуваше претседателот прим. д-р Нико Јанков и Ивона Јанкова, во улога на преведувач, бидејќи состанокот се одвиваше на англиски јазик, и проф. Д-р Игор Неделковски, претседател на „Гаус институт“, наш стратешки партнер во проектот. Главна тема на состанокот беше одобрување на буџетот. „Мобилност Битола“ имаше многу добро издржан и оправдан буџет и истиот помина со минимални корекции. Се надеваме дека подготовките ќе завршат до крајот на идниот месец и наесен ќе ги започнеме активностите.