27/05/2021
На 27 мај 2021 година во Пациото на НУ Завод и музеј – Битола се одржа Саем за кариера во организација на Младинскиот Културен Центар - Битола, поддржан од ЛЕСС на Општина Битола. Овој настан е препознатлив за јавноста како алатка за намалување на невработеноста. Основната цел е информација, мотивација и едукација за невработените лица да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и стартап компании кои нудат слободни места. Саемот ја поврзува бизнис-заедницата со невработените лица или невработените лица да започнат сопствен бизнис со вклучување во едукативни програми и да работат на сопствената кариера – раст и развој. Настанот е во рамките на проектот „Битола стартап центар“, финансиран од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, под патронат на Меѓународната организација на трудот и со финансиска поддршка од ЕУ. Целни групи се: 1. Невработени лица (примат од 18-30 години); 2. Жени; 3. Социјално ранливи групи; 4. Лица кои изгубиле работа поради Ковид-19. Присутни беа повеќе организации и компании, а „Мобилност Битола“ ја претставуваа претседателот прим. д-р Нико Јанков и членката на УО – Фанче Георгиевска. Беа спроведени сите мерки за заштита од Ковид-19, а присутните ги поздравија градоначалничката м-р Наташа Петровска, претставничката на проектот за вработување Наташа Симјановска и претседателот на МКЦ –Битола, Сашо Додовски. Претставниците на „Мобилност Битола“ ја искористија пригодата да остварат контакти и со нашиот партнер од Музејот, д-р Ирена Ружин, а беше договорен состанок и со градоначалничката. При пристигнувањето и заминувањето беше презентирана рампа со количка за совладување на архитектонските бариери.