COVID 19

Активности на „Мобилност Битола“ во услови на Ковид пандемија

Практично од 11.2020 година, со вториот бран на пандемијата, силно се редуцираа активностите во канцелариите на „Мобилност Битола“ во Битола, Ресен и во Демир Хисар. Тие практично беа затворени, со ретки исклучоци за неопходни потреби. За жал, пандемијата зеде данок и од нашите членови. Следејќи ги препораките на „Мобилност Македонија“ и здравствените власти, активностите кои ги спроведовме беа со максимално почитување на протоколите за заштита од ова зло. Во овој контекст, претседателот имаше и видео-обраќање по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, кое беше објавено на Фејсбук, а писмени обраќања имаше и по повод 33 години од основањето на „Мобилност Битола“. Така ги одржавме и УО и Собранието на „Мобилност Битола“, а за други поголеми активности, се надеваме дека ќе бидеме во можност да ги реализираме со позитивни препораки во најскоро време.