06/06/2021

„Мобилност Битола“ на државното првенство во атлетика 2021

На 6 јуни 2021 година, на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид се одржа државното првенство во атлетски повеќебој, како дел од 33. Републички спортски игри на лица со телесен инвалидитет на Македонија. Организатори на натпреварот се Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија. Како и секоја година, „Мобилност Битола“ и овој пат имаше свои учесници на натпреварот, кои постигнаа голем успех во соодветните категории. Имено, со освоени 1.063 поени, Лидија Вељановска го освои 5. место во „Жени класи Ф42-46 и општа“, а Горан Димчевски и Дарко Спирковски со 1.285 и 1.281 поен ги освоија 4. и 5. место во „Мажи класи Ф36-37, Ф42-46 и општа“. Им честитаме за постигнатиот успех и им посакуваме уште повисок пласман на следните изданија. Настанот се одржа согласно важечките протоколи за заштита од Ковид-19.