24/06/2021

Семинар за пристапност на судовите

На 24 јуни 2021 година во хотелот „Солун“ во Скопје се одржа семинар за пристапност на судовите, а како претставници на „Мобилност Македонија“, активно учествуваа нашите членови Митко Фидановски и Сотир Јоновски. На настанот исцрпно и забележано излагање имаше Митко Фидановски, чија долгогодишна кариера како правник е токму во Судот во Битола. Од другите здруженија активно учество зеде и Василчо Илиев. Ваквите активности на нашите членови се за поздрав и се надеваме дека ќе продолжат и во иднина.