01/07/2021
На 1 јули 2021 година беше потпишан договорот за партнерство за проектот „Алтер трип“, а освен електронски во скенирана верзија, беа испратени и оригинални примероци преку меѓународна пошта (ДХЛ). Со ова се заокружи повеќемесечната комуникација со прекуграничните партнери во однос на подготвителните активности што траеја повеќе од една година. Хартијата е потпишана, останува многу потешкиот дел за реализација, но оптимисти сме дека со помош и поддршка од нашиот стратешки партнер „Гаус интитут“ успешно ќе го финализираме овој значаен предизвик и крајниот резултат ќе им биде од корист на многу луѓе и долго по завршувањето на проектот. Воедно се надеваме дека ќе биде и импулс за нови идеи и реализации во иднина, со кои ќе се подобри видливоста на лицата со телесна инвалидност и нивниот просперитет.