22/07/2021

Зголемена пристапност на античкиот локалитет „Хераклеја“

Деновиве делегација на „Мобилност Битола“ го посети античкиот локалитет „Хераклеја“, каде што веќе подолг период се подобруваат условите за посета, а сега е зголемена и пристапноста со лифт и хоризонтален пристап до амфитеатарот со систем на рампи и ракофати. Исто така, во надворешниот дел е обновен историскиот пат „Виа Егнација“ со римски коцки и осветлување со соларни панели. Сето тоа се реализираше во рамките на проектот финансиски поддржан од Европската Унија. Се надеваме дека активностите нема да застанат тука и дека ќе продолжат понатаму. Нашиот водич Веле Шереметковски нè информираше дека ќе има и други активности за локалитетот да се искористува нон-стоп. За ова разговаравме и со д-р Ирена Ружин, програмски директор на Завод и музеј, галерија – Битола, која нè увери дека нема застанување, а ние им посакуваме сите замисли да ги претворат во реалност.