COVID 19

Активности на „Мобилност Битола“

Во текот на месеците јули и август, во услови на Ковид-пандемија се планираа настани кои, за жал, не можевме да ги реализираме. Управниот Одбор се состана и донесе повеќе одлуки и заклучоци од кои најголемиот дел беа за проектот „Алтер трип“. Во меѓувреме беше одбрана и комисија која ќе го следи проектот и по потреба ќе носи одлуки од својата надлежност. Во два наврати беше искористена и можноста за електронска комуникација и одлучување. Комуникацијата редовно работи во термините со претходно договарање со секретарот, и се избегнува поголемо групирање. Планираните активности се поместија за месец септември, ако условите се поволни. Тука пред сè се мисли на Дефилето на Широк Сокак и излетот, како и работилницата во Ресен што беше во план да се одржи уште минатата година. Темите се одбрани за сите активности и ангажирани се експерти од соодветните области. Останува да видиме како ќе се развиваат настаните со Ковидот.