14/09/2021

„Алтер трип“ се движи

Иако со побавно темпо, после изборот на проектен менаџер и техничко лице конечно се формира и експертска комисија составена од три универзитетски професори – евалуатори, кои после разгледување на документацијата на пријавените кандидати и соодветно бодирање по утврден редослед на настани, го избра и предложи до претседателот кандидатот за првиот тендер од проектот. ИПА Програмите имаат сложена процедура за настани и папирологија на англиски јазик, со крута децидност на хронологија и постапки. Бараните параметри се строги и децидни, и од евалуаторите се бара да бидат кратки, јасни и разбирливи во оценувањето на поднесените документации и кандидатите. И покрај доцнењето на потврдата за регистрација на проектот од Секретаријатот за европски прашања при Владата на РСМ, која е само прв чекор во процедурата (следни се УЈП и Министерството за локална самоуправа), проектот се движи. Ние сме во постојана комуникација со нашите партнери од Р. Грција и надлежниот проектен службеник на ЕУ-комисијата во Солун. Се надеваме дека следните чекори ќе бидат побрзи и поефикасни, па што е можно поскоро да ги имаме и првите резултати од проектот.